Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на своите веб страници.
Оваа обврска произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите што стапуваат во сила в петок..
Како што е наведено во Правилникот, трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот. Секое непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.
Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или попустни цени, на веб страницата на трговецот треба да биде означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.
Измените во Законот за заштита на потрошувачите се очекува да обезбедува транспрентност, но и можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат.
Текстот Маркетите, аптеките, продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на Интернет е превземен од МАКФАКС.