Во градот Варна вчера се одржа хуманитарен концерт организиран од Македонското културно-просветно друштво „Гоце Делчев“ – Варна, за настраданите деца од градот Кочани, кои станаа жртви на ужасната трагедија во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава. На настанот присуствуваа бројни гости кои ја покажаа својата солидарност и хуманост, јавува Трибуна.

Преку прекрасните изведби на уметниците што зедоа учество на концертот, беа собрани 2976 лева, кои ќе бидат искористени за поддршка на погодените семејства. Организаторите упатија благодарност до сите учесници за нивните настапи и до публиката за присуството и несебичната поддршка.

Специјална благодарност беше изразена кон Варненската и Великопреславската Света Митрополија за нивната помош во реализацијата на оваа иницијатива.

Погледнете ја галеријата од овој прекрасен хуманитарен концерт овде.