Иран ја потврди изјавата на Доналд Трамп дека ќе разговара со САД овој викенд, по неколкумесечните зголемени тензии околу нуклеарната програма на земјата, пишува Блумберг.

„Иран и САД во сабота ќе се сретнат во Оман на индиректни разговори на високо ниво“, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на социјалната мрежа Икс. „Тоа е колку можност, толку и тест. Топката е на американскиот терен“.

Според државниот медиум Nour News, преговорите ќе ги водат Арагчи и Стив Виткоф, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток и еден од најблиските советници на претседателот, додека за време на разговорите ќе посредува оманскиот министер за надворешни работи Бадр Албусаиди.

Текстот Иран ја потврди изјавата на Трамп: Овој викенд започнуваат преговорите за нуклеарната програма е превземен од МАКФАКС.