Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека трагедијата во Кочани ја покажала длабоката врска меѓу граѓаните на Бугарија и Република Северна Македонија. Тој посочи дека стотиците доброволци кои чекаа ред за да даруваат крв во бугарските болници се доказ за човечноста и солидарноста меѓу луѓето од двете страни на границата, јавува Трибуна.
„Овој чин покажува дека луѓето од двете страни на границата се исклучително блиски, а политичките манипулации нема да успеат да ги поделат. Нашата заедничка иднина е во Европската Унија и укинувањето на границите меѓу нас,“ нагласи Радев.
Претседателот упати критика кон одредени политички лидери во Северна Македонија, кои, според него, продолжуваат да водат антибугарска политика, и покрај нивните лични и економски врски со Бугарија, каков што е случајот со премиерот на РС Македонија.
„Се надевам дека конечно разумот ќе надвладее и самите граѓани на РСМ ќе сфатат дека раководството на државата со политиката што ја води ги лишува од безбедност, стабилност и просперитет и всушност ги оддалечува од ЕУ, вели Радев