Вчера во 15.00 часот на улица „Железничка“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода 18-годишниот И.П. од Штип.

При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Текстот Возел „ауди“ со 114 километри на час на место на кое е дозволено 50 километри на час: уапсен 18-годишен штипјанец е превземен од МАКФАКС.