Денеска А1 Македонија, заедно со А1 Телеком Австрија Групацијата и во соработка со глобалниот сервис за стриминг на музика Deezer, на македонскиот пазар го претставува новиот ко-брендиран музички сервис A1 Xplore Music, by Deezer.
Корисниците на А1 Македонија кои уживаат во аудио забава, заедно со околу 8,5 милиони корисници на А1 во Австрија, Словенија и Бугарија ќе добијат целосен пристап до 56 милиони музички нумери и подкасти од целиот свет. Партнерството следи по лансирањето на A1 Xplore Music, by Deezer во Австрија, Словенија и Бугарија.
– Advertisement –
А1 и Deezer обезбедуваат најдобро аудио-забавно искуство за корисниците на А1 кои сакаат да ја истражат и да уживаат во локалната и светска музика. Корисниците на А1 ќе добијат пристап до две специјално креирани плеј-листи.
Услугата исто така вклучува неограничен пристап до сите карактеристики и содржини на Deezer за клиенти на А1:
- Канали, колекции и плеј-листи за репродукција направени од уредниците на А1 и Deezer: Обожавателите можат да истражуваат и откриваат нова музичка и забавна содржина по тема, категорија или жанр.
- Тек: Потпишани Deezer плеј-листи кои нудат бесконечна мешавина од тековната омилена и нова музика. Препораките се врзуваат со алгоритмот на Deezer, личните преференции на корисникот и уредничките препораки.
- Дневен микс музика: Лични компилации со 40 музички нумери засновани врз личните преференции и вкусови на секој корисник.
- Откривање: Нови музички препораки секоја недела, засновани на алгоритам и навики на слушање на корисниците.
- Текст: Можност за следење на текстот или организирање на сопствена караоке забава.
- Препознавање на песна (Songcatcher): Алатка во апликацијата која препознава звуци на песни од околината и овозможува лесно додавање директно во плеј-листа.
- Табулатор (Shows tab): Директен пристап до сите подкасти на Deezer, вклучувајќи ги и Deezer Originals. Корисниците имаат пристап до 15 категории и жанрови, вклучувајќи: музика, самопомош, готвење, историја, деловни вести и ток-шоуа.
„А1 Македонија континуирано и активно работи на воведување иновативни, дигитални решенија со цел олеснување на секојдневиот живот на корисниците, но и внесување повеќе забава. Со лансирањето на A1 Xplore Music, by Deezer отвораме едно ново поглавје во нашето портфолио со цел да одговориме на потребите на корисниците и да го издигнеме корисничкото искуство на едно сосема ново ниво. Заедно со Deezer го комбинираме најдоброто во новата ко-брендирана услуга со која им овозможуваме на корисниците многу часови добра забава, музика и нови содржини, а апликацијата работи на принцип на zero-rating, односно интернетот вклучен во тарифните модели нема да се троши и корисниците можат да го искористат согласно своите потреби. Среќни сме што благодарение на групациската стратегија имаме можност светските трендови и сè поголемо користење на музички стриминг сервиси да ги пренесеме многу брзо и на нашиот пазар“ – истакна Елена Панова, директорка на продажба и маркетинг за приватни корисници во А1 Македонија.
За компанијата и музичката стриминг платформа Deezer оваа соработка претставува нова перспектива и можност да им понуди добра забава, музика и подкасти на корисниците на А1.
„Ние сакаме секој обожавател на музика и подкаст да чувствува дека A1 Xplore Music, by Deezer е најдоброто место и да ја пронајдат своја омилена аудио забава. Нашето ново партнерство е најлесниот начин за милиони луѓе во Македонија, Австрија, Словенија и Бугарија да имаат персонализирано и локализирано искуство. Со нетрпение очекуваме корисниците на А1 да откријат и да го слушаат сето она што го нуди A1 Xplore Music, by Deezer “, рече Ралф Пигин, постар потпретседател за Европа, Азија и Африка во Deezer.
Услугата A1 Xplore Music, by Deezer е достапна за сите постпејд резидентни и бизнис корисници, со можност за пробен период кој зависи од тарифниот модел. По завршување на првиот „Freemium” пакет корисникот добива можност за користење на „Premium“ пакет за само 259 денари месечно. Услугата за користење A1 Xplore Music, by Deezer влегува во месечната, претплатничка сметка и нема обврзувачки договор, истата може да се активира или деактивира во било кое време. Услугата е достапна преку продажните салони на А1 Македонија, апликацијата Мојот А1, A1 Live shop или со испраќање на СМС на телефонскиот бројот 140044 со текст START DEEZER.
Новите и постоечки корисници на А1 Македонија можат да користат A1 Xplore Music, by Deezer преку веб платформа, Android, iOS, Windows Mobile, BlackBerry OS, Windows и MacOS.
За сите детали поврзани со активирање на новата услуга A1 Xplore Music, by Deezer информирајте се на линкот.
За Deezer:
Deezer поврзува 16 милиони активни корисници месечно низ целиот свет со 56 милиони песни. Достапен во над 180 земји во светот, Deezer овозможува непосреден пристап до еден од најголемите и најразновидните глобални каталози за пренесување музика на кој било уред. Deezer е единствената услуга за стриминг на музика со опција Flow, единствен микс од сите стари омилени и нови препораки за корисникот во еден постојан променлив проток. Врз основа на интуитивен, комерцијален алгоритам и создаден од луѓе кои сакаат музика, Deezer е платформа каде што корисниците можат да ја слушаат целата нивна музика, со нови откритија прилагодени за нив. Deezer е достапен на сите уреди на корисниците, вклучувајќи паметен телефон, таблет, компјутер, лаптоп, домашен звучен систем, автомобил или паметен телевизор.
Deezer е приватна компанија, со седиште во Париз со канцеларии во Сао Паоло, Берлин, Лондон, Мајами и низ целиот свет. За најновите вести на Deezer, кликнете на Deezer.com/company/press.