Северина објави фотографија на својот инстаграм – профил на која заводливо позира во костим за капење инспириран од американското знаме и јасно стави до знаење што мисли за новиот американски претседател Џо Бајден.

Денес погледите од целиот свет беа насочени кон Вашингтон, каде на церемонијата на инаугурацијата положи заклетва новоизбраниот американски претседател Џо Бајден. Северина по тој повод се сети на едно од нејзините летни изданија и ја испрати својата поддршка до новиот претседател.

Instagram
Instagram

Таа на својот инстаграм – профил објави фотографија на која позира во костим за капење со дезен на американското знаме со длабоко деколтето. Таа на фотографијата го обележала Џо Бајден, а покрај неа го поставила емотиконот „Статуата на слободата“.

„Вие сте најубава“, „Убавица“, „Ла бомба“, „Би сакал да пливам со Северина“, „Ти си убавица“, „Ова е врвот“, се само дел од комплименти на нејзините обожаватели.