За лицето од Радовиш кое целата јавност го виде на видео на „Тик-ток“ додека ја тепа својата сопруга, ќе се испитува дали постои основа за задржување откако вчера беше приведено.

Од Обвинителството соопштија дека постапката за него е во тек.

„Постапката за лицето е во тек врз основа на поднесената кривична пријава. Меѓу другото, ќе се испита дали во конкретниот случај постои основ за негово задржување. Јавното обвинителство и истражните органи имаат обврска да постапуваат единствено врз основа на доказите во предметите“, велат од Јавното Обвинителство.

Претходно МВР објави дека против 35-годишникот поднесена е кривична пријава, но во нивното соопштение нема информација дали по приведувањето тој бил пуштен на слобода.

Од она што засега е официјално, сопругата не сака да го гони и во разговор со полицијата тврдела дека видеото било старо. Случајот го пријавила нејзината мајка, но сопругата тврди таа тоа го прави за да ги раздели, додека мајката од своја страна вели дека е загрижена за нејзината ќерка.