Светската поп-ѕвезда Дуа Липа (29) моментално ужива на одмор во Австралија по серијата концерти, а на социјалните мрежи сподели неколку фотографии во бикини.

На фотографиите таа носеше шарен костим за капење, а заедно со објавата испрати и бакнежи до своите обожаватели.

„Бакнежи од Сиднеј во моето омилено бикини“, напиша таа покрај објавата.

Објавените фотографии ги воодушевија обожавателите кои и дадоа многу комплименти. „Доаѓам, чекај ме на плажа“, „Убава си“, „Те обожавам“, „Колку си жешка“, „И јас ти праќам бакнежи“, „Само ќе речам – леле“, „Нашата кралица“, „Таа е едноставно совршена“, „Боже, омажи се за мене“, се дел од коментарите на Инстаграм.

Текстот Дуа Липа ужива во својот одмор, сподели фотографии во бикини на Инстаграм е превземен од МАКФАКС.