Бен Афлек и Џенифер Гарнер се разведоа пред десет години, а сега познатиот актер проговори за нивната врска. Во интервју за GQ, Афлек ги призна своите чувства кон поранешната сопруга, со која има три деца.

„Навистина сум среќен што имам одлична партнерка во неа и мајка на моите деца, која е прекрасна и со која одлично соработувам“, призна Афлек.

Неодамна се појавија гласини дека Бен е заинтересиран повторно да ја разгори романсата со Џенифер, но извор близок до актерката изјавил дека „чувството не е взаемно“.

„Таа е среќна со своето момче и не ни размислува за врска со Бен Афлек. Тие заедно ги одгледуваат своите деца и тоа е единствената врска меѓу нив од нејзина страна во моментов”, рекол изворот.

Текстот Бен Афлек го коментираше односот со поранешната сопруга по гласините дека тие се помириле е превземен од МАКФАКС.