СОСТОЈКИ:

– 2 пилешки копани со наткопан
– 4-5 млади компири
– 2-3 моркови
– суви зачински билки по избор
– 2-3 чешниња лук
– сол и црн пипер
– масло

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги компирите и морковите и исечкајте ги на парчиња. Во тепсија ставете го зеленчукот, зачинете со суви зачински билки, сол и црн пипер, додајте го ситно сечканиот лук, попрскајте со масло и промешајте. Над зеленчукот ставете ги пилешките копани, ставете малку вода, завиткајте со фолија и печете во рерна на 200 степени околу 35-40 минути. Пред крај тргнете ја фолијата и оставете да се потпече месото.