Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица. Гори трска и останата вегетација, а силниот ветер го отежнува или оневозможува гасењето на пожарот, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
На терен се пожарникари од Струмица, Валандово, Радовиш и Богданци.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов извести дека пожарот на струмичка страна е локализиран и повеќе нема опасност за куќите во Баница.
Тој упати благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето