Група иницијатори од Кочани создадоа интернет страна преку која може да се вршат донации директно на сметките на повредените во страшната трагедија што го погоди градот Кочани, јавува Трибуна.
,, Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со согласност од родителите или нивните блиски”, велат креаторите на страната и додаваат дека поради итноста на ситуацијата оваа страница е привремена и се работи на нова верзија.
На самата страница е објаснето како да се донира , објаснета е транспарентноста на донациите , можноста за прераспределба на средства , начинот за донации од странство и секако заштитата на приватноста. Креаторите на страната сметаат за важно да истакнат дека имаат увид само врз донациите за кои добиле информација од донаторите со приложен доказ.
,,Немаме целосна контрола врз сите уплати и не знаеме точно од каде и колку средства пристигнуваат. Единствено ги евидентираме сумите кои ни се потврдени”.
Сите што сакаат да донираат преку оваа страница може да донираат преку следниот линк