Розмари Армао, универзитетска професорка од САД, во своето вечерашно вклучување во „Емисија 200“ на Алсат оценува дека администрацијата на новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, за време на четиригодишниот мандат нема да успее да ги преиначи сите одлуки и промени донесени од страна на претходната администрација на претседателот Доналд Трамп. Како посебно специфични таа посочува делови од правосудниот систем.
„Ќе има одредени промени, но се плашам дека администрацијата на Бајден – Харис, нема да биде во можност да смени сѐ. Видовме и во Италија, по заминувањето на Берлускони, беа потребни години…и сѐ уште во Италија се чувствува тоа. Во Врховниот суд има 63 тешки конзервативци, тоа нема да може да се смени со Бајден. Нешто да…, уште утре би можело да се повлече забраната за патување на муслиманите во САД…нешто ќе се смени брзо, но за нешто треба мошне повеќе време…“, вели Армао.
– Advertisement –