Најновите статистики покажаа дека анонимен маж од Велика Британија го соборил рекордот во полагање тестови во автошколата.

Британецот успеал да го положи теоретскиот дел од тестот за возење откако не успеал да одговори точно на него, ниту помалку ниту повеќе, туку 157 пати.

Тој потрошил 3.000 фунти за сите полагања на теоретскиот дел од испитот и дури сега може да седне во автомобил и да учи да полага возење.

Агенцијата за управување со возила во Велика Британија неодамна објави нов рекорд во бројот на обиди за тестирање, пред практичниот тест за возење.

Досега на прво место беше жената што се обидуваше да ги положи тестовите 117 пати, но овој маж, сепак, успеал да ја надмине, пренесе порталот „ЛАДбајбл“.