Киев очекува позитивни вести од САД почнувајќи од следната недела, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во своето ноќно обраќање, Зеленски рече дека има „позитивен напредок“ во соработката со Вашингтон и дека очекува резултати следната недела – вклучително и идна средба меѓу двете страни.

Зеленски вчера призна дека жали за расправијата со Доналд Трамп и Џеј-Ди Венс во Овалната соба и нагласи дека сака да продолжи со поддршката на САД кон мирен крај на конфликтот.