Куче за спасување на планинската служба за спасување утрово го пронашло двегодишното девојче Дуња Марковиќ.

За потсетување, девојчето исчезна вчера во градот Уб. Како што дознава Телеграф.рс, девојчето е добро.

Девојчето го пронашло специјално обучено куче на планинската спасувачка служба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.

Девојчето исчезнало вчера околу 14 часот кога излегло од дома. Веста за нејзиното исчезнување дојде преку апликацијата „Пронајди ме“.

Родителите на Дуња, како што вчера напиша Телеграф, во моментот на исчезнувањето на девојчето не биле дома, туку ја чувале други деца. Таткото на Дуња во тоа време бил на работа, а нејзината мајка на погреб.

Децата си играле пред куќата кога во еден момент девојчето исчезнало.

Текстот Пронајдена двегодишната Дуња Марковиќ, огромна потрага во Србија цела ноќ е превземен од МАКФАКС.