Трансавиа, втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија, со база на аеродромот Шипхол во Амстердам, по речиси повеќе од 12 години повторно ја воведе линијата од Амстердам до Меѓународниот Аеродром Скопје.
Тие ќе летаат на релација Амстердам-Скопје-Амстердам два пати неделно, во четврток и во недела.
Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, вчеравечер, 2-ри март 2025 година во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија Трансавиа, на Меѓународниот Аеродром Скопје, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам-Скопје-Амстердам.
„Денес одбележуваме значајна пресвртница за ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи и на туристите да ги искусат неговите живописни пејзажи“, изјави Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.
„Со додавањето на Скопје во нашата мрежа, им нудиме на нашите патници уште повеќе можности за патување во рамките на Европа. Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или бизнис-патување, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација кон ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу сме горди што ќе летаме на оваа рута“, изјави Марсел де Нојџер, Главен извршен директор на Трансавиа.
Оваа нова рута од Меѓународниот Аеродром Скопје, која повторно се воведува по повеќе од 12 години, ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и бизнис-цели.
Текстот ТАВ Аеродроми го пречека првиот лет на Трансавиа од Амстердам синоќа на скопскиот аеродром е превземен од МАКФАКС.