Полицијата го приведе Г.П.(25) од Република Албанија поради кражба извршена вчера во верски објект во Гостивар.

„Тој одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од селото Долна Бањица, гостиварско. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар е превземен од МАКФАКС.