Од страна на полициски службеници од БЈБ при МВР денеска на наплатна рампа Сопот, велешко, при преглед на патничко возило „поло“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од В.А. од Гевгелија и сопатник М.Ж. од Хрватска, биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 40 пакувања со растителна материја.

Како што соопшти МВР, известен е јавен обвинител од ОЈО Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.

Текстот На наплатна рампа Сопот во автомобил е најдена дрога е превземен од МАКФАКС.