СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.И.(51) од Струга.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „спречување на докажување“ по член 368 од Кривичниот законик.
Имено, на 10.01.2025, пријавениот отишол во јавното претпријатие „Комуналец“, со употреба на сила ја отворил вратата од паркингот каде се оставале возилата кои биле подигнати од шлеп службата на ЈП „Билјанини Извори“, го отклучил и стартувал своето возило „фолксваген поло“ со струшки регистарски ознаки, а кое претходно било подигнато од шлеп службата на претпријатието и заминал.
Текстот На сила си го зел возилото што му било подигнато од шлеп-служба: кривична против стружанец е превземен од МАКФАКС.