„Јавноста одамна се умори од постојаните обиди на Славица Петровска да се претставува како жртва секогаш кога ќе биде повикана на одговорност. Наместо да даде конкретни аргументи и да се соочи со реалноста, таа секој пат користи истата стара тактика – глуми нападната и го пренасочува фокусот од суштинските прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Последниот случај е уште еден доказ за ова. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, зборуваше за реалните трошоци на едно четиричлено семејство, нешто што сите граѓани го чувствуваат на своја кожа. Но, наместо аргументирана дебата, Петровска повторно избра да игра на картата на жртвата, надевајќи се дека така ќе ги избегне суштинските теми“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Граѓаните заслужуваат одговори, а не лажна емпатија и театралност. Време е Петровска да престане со оваа политичка манипулација и конечно да понуди нешто повеќе од лични повреди и празни фрази“.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за мајки и семејства, за разлика од неа која е мажена, има семејство, има два сина