Повлечени се осум амбасадори кои биле назначени од поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски.
Отповикани се амбасадорите Мето Белески, Брисел, Катерина Ставревска, Лондон, Зеќир Рамчиловиќ, Подгорица, Пајо Авировиќ, ОБСЕ, Емил Крстевски, Прага, Јакуп Реџепи, Сараево, Агнеза Руси, Софија, Џенк Сејфула, Стокхолм.
Како причина за нивното враќање се наведува неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешни работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.
Текстот Отповикани се oсум амбасадори кои беа назначени од Стево Пендаровски е превземен од МАКФАКС.