Полицијата заедно со семејството на убиеното 25 годишно момче собираат пари за награда на секој што ќе има точна информација за убијците на младото момче.

Цифрата која досега ја собрале изнесува на 50.000 долари.
Полицијата најави дека ќе објави повеќе информации за осомничените за време на понатамошната истрага.

Мајката на Милан, Ејми, рече дека се тресела кога слушнала за апсењето. Таа посочува дека сака само правда и одговор на прашањето зошто некој би го убил нејзиниот син.

За потсетување Милан Лончар (25) беше убиен брутално завчера, на неколку стотици метри од неговиот дом во малото гратче Бруери, близу Филаделфија, додека го шетал своето куче.