Пензионерите во април ќе земат повисоки пензии за 2.500 денари. Со законски измени кои се доставени веќе во Собранието се предлага нов раст на пензиите од 1 март 2025 година.
– Во Македонија задолжителното пензиско и инвалидското осигурување како област е уредено со Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој ја уредува методологијата на усогласување на пензијата. Член 18 став (3) ја става вон сила системската одредба од Законот во периодот од 1 септември 2024 година до 31 август 2025 година. Во овој период пензиите се зголемуваат во фиксен износ од 2.500 денари на 1 септември 2024 година и 1 март 2025 година, се наведува во предлог измените.
За 2025 година, во Буџетот се предвидени 105,5 милијарди денари за исплата на пензиите.
Текстот Мартовски пензии повисоки за 2.500 денари: зголемување ќе добијат над 300.000 пензионери е превземен од МАКФАКС.