Антикорупциската комисија достави информации за имињата на 86 поранешни и актуелни носители на јавни функции кои се казнети со парична глоба за прекршување на одредбите од наведениот закон. Меѓу нив се пратеникот Борислав Крмов од Левица, екс-вицепремиерот Артан Груби кој е во бегство, поранешниот претседател на Собранието, Талат Џафери, Фатмир Меџити актуелен министер за здравство.

„Фатмир Меџити, Министер за здравство, Во својство на одговорно лице во надлежна институција, не ги преземал сите мерки и активности за доставување на бараните информации до ДКСК, во рок од 15 дена од денот на добивањето на барањето согласно член 23 став 3 од ЗСКСИ 200 евра.

Артан Груби, Прв заменик министер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Во својство на одговорно лице во надлежна институција, не ги преземал сите мерки и активности за доставување на бараните информации до ДКСК, во рок од 15 дена од денот на добивањето на барањето согласно член 23 став 3 од ЗСКСИ од  200 евра.

Талат Џафери, Претседател на Владата на РСМ истовремено и пратеник во Собранието на РСМ член 44 став 2 од ЗСКСИ казнив по 300 евра.

Арбер Адеми, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднел изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра

Јована Мојсовска, по избор на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднела изјава за имотна состојба и интереси член 82 став 1 од ЗСКСИ, казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра

Борислав Крмов, по престанок на функцијата пратеник во Собранието на РСМ не поднел изјава за имотна состојба и интереси до ДКСК член 82 став 3 од ЗСКСИ, а казнив по член 109 од ЗСКСИ 300 евра“, посочуваат од ДКСК.

Државната комисија за спречување на корупција во согласност со член 98 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси има обврска јавно да ги објави информациите за извршените контроли, спроведените постапки и глобите кои се изречени за сторените прекршоци.

„Преку објавување на овие информации ДКСК има за цел да ја информира јавноста во насока на охрабрување на граѓаните, како и институциите да се придржуваат до правните норми. Очекуваме дека со исполнување на оваа законска обврскa ќе се зголеми довербата во процесите на надзор и контрола, но и ќе се зајакнат напорите за ефикасно спречување на корупцијата и судирот на интереси во Република Северна Македонија“, велат од ДКСК.

ДКСК смета дека оваа мерка е исклучително значајна за зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на секоја институција во борбата против корупцијата.

Текстот Антикорупциската комисија парично казни повеќе поранешени и актуелни функционери, меѓу нив Груби, Меџити, Крмов е превземен од МАКФАКС.