Премиерот Христијан Мицкоски смета дека СДСМ немаат кридибилитет да зборуваат за надворешната политика, по понижувањата на коишто ја изложија државата.

Коментирајќи ги обвинувањата на СДСМ за резолуцијата на САД во Обединетите Нации за Украина, каде Македонија беше коспонзор, Мицкоски потсети на обвинувањата во минатото дека бил анти-НАТО, анти-Америка, проруски настроен, а сега, вели, им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на претседателот Трамп.

„Овие луѓе имаат најмалку кредибилитет да зборуваат, посебно за нашата меѓународна активност и посебно за нашите релации со администрацијата на претседателот на Трамп. (…) Бевме коспонзори, да, и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа резолуција е обврзувачка бидејќи помина на Советот за безбедност. Останатите членки кои се стандардни, но, и ротирачките, не гласаа против и со тоа ја поддржааа. Во меѓувреме, кога дојде таа резолуција да се гласа на самото Собрание, беа поднесени повеќе амандмани. Повеќето амандмани беа одбиени, а еден беше прифатен. Тогаш предлагачот САД, кој го има тоа право, со кого бевме целосно координирани, гласаше воздржано и ние гласавме воздржано“, рече Мицкоски.

Додаде и дека жали што политиката од оптика на топли песочни плажи и оптика тука од Македонија не е иста, па можеби, како што рече, некои од опозициските лидери се уште живеат на топлиот песок и гледаат со тие очила, се уште неразбудени дека се опозиција и долго ќе бидат опозиција.

Текстот Ме обвинуваа дека сум анти Америка, а сега им пречи што имаме одлична соработка со администрацијата на Трамп, рече Мицкоски е превземен од МАКФАКС.