Новиот британски сој на коронавирус е се повеќе присутен во Австрија. Тоа го покажува и бесплатното масовно тестирање кое во моментов се спроведува во Виена.
Деталната проверка на позитивните резултати од тестирањето во само еден центар покажала дека 14 од 83 примероци најверојатно ја содржи британската мутација на вирусот.
Екстремно заразниот сој е потврден во неколку покраини што покажува дека Ковид-19 се шири во Австрија.
Во моментов, според студијата на Медицинскиот универзитет,причина за заболување кај 17 проценти од случаите во Виена е новиот сој.
Секретарот за здравство на Виена соопштил дека во Виена сите позитивни тестови на коронавирус автоматски се анализираат на новиот сој.