Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.
Текстот (Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните е превземен од МАКФАКС.