Супермоделот Ирина Шајк и познатиот освојувач на „Супер Боул“, Том Брејди, наводно се повторно заедно, дознава „Пејџ Сикс“.
Изворите тврдат дека тие се зближиле по повеќе од една година по завршувањето на нивната кратка романса.
„Том и Ирина повторно почнаа да се забавуваат“, открил изворот.
Пензионираната НФЛ ѕвезда и руската манекенка раскинаа во октомври 2023 година, по помалку од четири месеци врска. Друг извор претходно слушнал дека планираат заедничко патување.
„Разговараат на телефон. Ниту еден од нив моментално не е во сериозна врска, па зошто да не одат на патување заедно? додаде изворот.
Шајк претходно беше во четиригодишна врска со Бредли Купер до 2019 година. Со него има и ќерка, седумгодишната Леа Де Сејн.
Брејди е сингл откако тој и познатата манекенка Жизел Бундхен го финализираа нивниот развод во октомври 2022 година, по 13 години брак.
Текстот Се зборува дека Ирина Шајк има ново момче, тие веќе еднаш беа заедно е превземен од МАКФАКС.