Деновиве не престанува да се збори за скандалот кој ја потресе македонската јавност, откако поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации Роберто Орданоски реши на социјална мрежа „Фејсбук“ да објави интимен момент од животот – развод од сопругата Агнеса Орданоска.
Орданоски на својот фејсбук-прифл објави видео како со ќерките го прославува 17-тиот роденден на постарата, напаѓајќи ја сопругата дека е отсутна зашто подготвувала документи за развод.
Сите се пофалија со паричките на Фејсбук, Орданоски со разводот
Орданоски ја нарече својата сопруга „фотошоп барбика“, која се „оладила“ од него зашто повеќе не бил директор и „не е во можност да и ги исполнува нејзините мегаломански желби и потреби“ во крајно навредливиот пост кој предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Во меѓувреме ја слушнавме и страната на Агнеса која даде ексклузивно и потресно интервјуо за Слободен Печат.
Се чини како да не беше доволно сето она што беше изнесено во јавноста до сега, па пред неколку часа Орданоски повторно се огласи на социјалните мрежи.
„Дали има некој брачен советник да ми даде малку ум во очајнава ситуација во која се наоѓам? Агнеса е преселена кај нејзините, ги преселила и сите нејзини и на децата алишта таму… Го напуштила домот, пред да се вратиме од Пелистер… Бара децата да ги однесам таму… Наводно, ќе сум можел да ги видам кога сакам… Прво сакав да ги носам дома, сепак, мајка им е, не ги видела од понеделникот, решив да ги однесам таму… Што од правен аспект значи оваа циркузијада?Благодарам за компетентниот одговор што ќе го добијам, тотално сум неспремен за оваа ситуација… А јас, ќе си одам сам дома, да поразговарам малку со ѕидовите, да видам што правеле овие 6 дена, дур не бев дома“, напиша тој на својот фејсбук-профил.