Петицијата со која се бара забрана на песните на руски јазик на стриминг платформите во Украина собра 25.000 потписи и ќе биде разгледана од владата на земјата.

Петицијата беше објавена на 17 февруари, а нејзиниот автор тврди дека песните на руски може да носат пораки кои му наштетуваат на украинскиот идентитет, пренесе РИА Новости.

Предлог-законот бара блокирање на песните на руски јазик на платформи како што се Apple Music и Spotify.

Како алтернатива се нудат песни на други јазици.

Текстот Украина предлага забрана за песни на руски јазик е превземен од МАКФАКС.