Денот на независноста на Република Косово ја изразува прославата на секој Албанец, обележувајќи еден напорен, но триумфален пат кон слободата и независноста, посочи претседателот на Собранието Африм Гаши.

„Како претседател на Собранието на Северна Македонија, ја користам приликата да го истакнам партнерството и одличните пријателски односи меѓу нашите две земји. Изградбата на успешна демократска држава и интеграцијата на Косово се мирољубиви битки што косовскиот граѓанин заслужува да ги добие“, истакна Гаши.