Полицијата во Молдавија уапсила три лица поврзани со руската паравоена група Вагнер и извршила претреси на повеќе од 50 локации, соопшти денеска Европол.
Операцијата на молдавските и украинските власти, поддржана од Европол е насочена кон лица осомничени дека учествувале во војната против Украина како платеници на групата Вагнер, се вели во соопштението.
Во истрагата, предводена од украинската полиција, беше вклучено и украинското Врховно обвинителство, како и молдавската полиција и Обвинителството за борба против организираниот криминал и специјалните случаи на Молдавија