Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.
Текстот Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и се здобил со тешки изгореници е превземен од МАКФАКС.