Продолжувајќи со интензивираните активности во делот на сообраќајните контроли низ патиштата во земјава, вчера полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, преземјаќи мерки согласно Законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за возила, на ниво на цела држава како резултат на превземените активности издадоа вкупно 909 платни налози по основ на прекршоци сторени според одредбите од овие закони.

„Истовремено, наплатени беа и 451 издадени платни налози. Во рамки на контролите најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на нормите поврзани со пречекорување на брзината на движење – 270, како и непрописното паркирање – 222. Додека пак, веднаш зад овие неправилности следат прекршоците по основ на непоседување на возачка дозвола – 73; потоа некористење на сигурносен појас – 64; како и прекршоци по основ на забрането користење на мобилен телефон при возење – 41. Инаку вчера во 10 случаи детектирани се возачи кои што управувале под дејство на алкохол, а пак согласно Законот за возила биле евидентирани 15 технички неисправни како и 14 нерегистрирани возила“, велат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, односно неговите надлежни служби како што велат, во делот на безбедноста во сообраќајот ќе продолжат со плански динамизираните контролно-превентивни активности во насока на анулирање на негативните безбедносни трендови во сферата на сообраќајот.