Триесетте најголеми претпријатија со државен капитал од 2015-та до 2019-та година оствариле вкупен раст на приходите од само два отсто. Просечната стапка на профитабилност во анализираните пет години изнесува скромни шест отсто. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека средствата кои ги поседуваат овие државни фирми со ваков профит би можеле да ги обноват за цели 38 години, а вложениот, и заработениот капитал со вакво темпо би можеле да го вратат за повеќе од 30 години.
Споредбено, во приватниот сектор вложените средства во просек се враќаат вообичаено за десет години. Инаку, станува збор за претпријатија чии што вкупни приходи во 2019 година изнесувале 732 милиони евра а на крајот на годината бројот на вработени достигнал над 22 илјади лица. Една од најслабите алки на овие фирми им е наплата на побарувањата и изнесува над 250 дена, додека своите обврски тие ги плаќаат во уште подолги рокови односно за близу 500 дена.
– Advertisement –