Обвинителката Вилма Русковска на денешното рочиште за 27 април го праша поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, дали и рушењето на “Космос” претставува партиски проект на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тоа тело, по функција, членуваа градоначалниците. Имаше повеќе оперативен дел во делот на организирање на проектите од изборните програми за кои ја добивме довербата од граѓаните. За протестите сме дискутирале меѓу себе, но забелешки или препораки не сме носеле”, одговориТрајковски.

Тој беше прашан и за комуникацијата со Никола Груевски, на што Трајковски призна дека додека бил градоначалник имал само 2-3 средби со него.

Пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој беше еден од сведоците, како поранешен министер за транспорт и врски, негираше дека општинскиот комитет од Ѓорче Петров, учествувала во организацијата на протестите, ниту пак имал комуникација со обвинетите.

„Колку што знам јас, секој си одлучуваше дали ќе го поддржи собирот ‘За заедничка Македонија’ или не”, рече Мисајловски.