Грчките власти се во подготвеност и ја следат зголемената сеизмичка активност на островот Санторини, изјави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, повикувајќи ги граѓаните да останат смирени и да ги следат упатствата на службата за цивилна заштита.
„Уште еднаш, сакам да ги уверам жителите на Санторини и на соседните острови, кои деновиве се пред тест, дека државниот механизам е на нивна страна“, рече Мицотакис за време на неговата посета на островот, додавајќи дека подготвеноста и превенцијата се клучни, пренесе Ројтерс.
Тој изрази надеж дека оваа појава брзо ќе заврши и дека островот целосно ќе се врати во својот нормален ритам.
Текстот Мицотакис од Санторини: Властите ја следат сеизмичката активност, граѓаните да останат мирни е превземен од МАКФАКС.