МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во Министерството за внатрешни работи.

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за крим полиција и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по насоки на надлежен jавен обвинител во тек се мерки и активности поврзани со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во МВР, потврдија од МВР за „Макфакс“.

Според одредени информации, акцијата е поврзана за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила, но официјална потврда се очекува во текот на денот.

Текстот Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи е превземен од МАКФАКС.