Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.

Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, извести Обвинителството.

Како што потврди Обвинителството, станува збор за предмет поврзан со СОЗР, односно се врши претрес кај поранешниот директор на владината Служба за општи и заеднички работи, Пеце Мирчески.