Неколку луѓе се застрелани во училиште за возрасни во централна Шведска. Пукањето се случило во Оребро, 200 километри западно од Стокхолм. Полицијата соопшти дека засега не е јасна тежината на повредите.
Според официјалните информации, пет лица се ранети, додека неофицијалните информации што ги објави шведската јавна телевизија укажуваат дека загинале повеќе луѓе, а најмалку 15 се ранети. Нападот се случил нешто пред 13 часот, а властите ги повикуваат жителите да се држат подалеку од училиштето.
Марија Пегадо, 54-годишна наставничка, изјави за Ројтерс дека некој ја отворил вратата од нејзината училница веднаш по паузата за ручек и викал сите да излезат.
„Ги извадив сите 15 ученици во ходникот и почнавме да бегаме. Потоа слушнав два истрели, но се извлековме. Бевме во близина на влезот на училиштето. Видов луѓе како ги извлекуваат ранетите – еден, па друг“, рече Пегадо.