Има различни групи пациенти кај кои е индициран лекот Ивермектин. Тоа се три групи пациенти – едни за превенција, други кои биле во контакт со заболен од Ковид-19 и третата група на пациенти кои се заболени. Тоа е лек што ја намалува репликацијата на вирусот и не го суплимира имуниот одговор на клетката и практично тие резултати се многу бргу видливи после апликацијата. Битно е да не се зема на своја рака исклучиво со препорака и лекарски рецепт.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека има се повеќе количини од тој лек и ќе има доволно количини.
Лекот си има свои препораки и свој протокол. Во нашата земја препораките се од стручните колегиуми на клиниките. На почетокот за повеќе лекови и се уште важечки се протоколите и од Клиниката за инфективни болести и доколку ги погледнете истите се преземени од Србија, од Хрватска итн. Едноставно тие протоколи така функционираат и нема тука што да се додаде или одземе заради тоа што се однесува само на еден лек. Доколку има несакан ефект се знае каква е постапката и процедурата со пријавување на несаканиот лек во Агенцијата за лекови, проверка од каде е тој лек и за тоа има еднаква процедура со години наназад и не важи само за Ивермектинот – рече Филипче.
На новинарско прашање дали и кога лекот што е замена на лекот Клексан, а за кој пациентите плаќаат по околу 4.000 денари, ќе биде на товар на Фондот за здравствено осигурување, тој најави дека уште денеска ќе организираат состанок со претставниците на Фондот.
Количините на лекот Клексан во декември практично ги удвоивме, од 4.500 скатули што месечно се трошеа на осум, сега се целосно снабдени болниците и очекуваме овие денови да бидат снабдени и аптеките. Има и друга замена што не е од таа скапа орална терапија, меѓутоа ќе го разгледаме прашањето и за многу кратко време ќе одговориме. Нема да ги оставиме пациентите без лекови, тоа е сигурно – додаде Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.