Најмалку 18 лица загинаа кога авион на летот АА5342 од Вичита до Вашингтон се судри со воен хеликоптер при слетување на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон.
Несреќата се случила околу 21 часот по локално време, а „Флајтрадар“, кој ја следел патеката на летот, покажува каде се судриле двете летала.
You can see flight 5342 on the Flightradar app in route to DCA then stop before it gets there. God, pray they find survivors
pic.twitter.com/JUlq6ngfcI — Jenny Winings (@JennyW526) January 30, 2025
Снимката од летот го покажува моментот кога патничкиот авион се приближува до аеродромот, а потоа линијата на рутата станува сива додека авионот е над реката Потомак. Најверојатно ова е моментот на судирот со воениот хеликоптер, по што „Флајтрадар“ „веќе не можел да ја следи патеката на летот“.
Според извештаите, авионот бил разнесен на неколку парчиња, кои паднале во ледената река. Спасувачите досега од ледената вода извлекле 18 безживотни тела, а потрагата по преживеани продолжува неуморно.
Текстот (Видео) Што сними „Флајтрадар“ за фаталниот лет за Вашингтон: Авион се урна во заледена река по судир со хеликоптер е превземен од МАКФАКС.