Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека утре ќе бидат ослободени осум заложници држени во Појасот Газа, пет Тајланѓани и тројца Израелци – две жени и еден маж.

Имињата на тројцата израелски заложници, се објавени со согласност на нивните семејства, се наведува во соопштението, пренесуваат светските агенции.

Идентитетот на петте тајландски државјани не е објавен.

Договорот за прекин на огнот стапи во сила на 19 јануари меѓу Израел и палестинското движење Хамас, со цел конечно да се стави крај на војната во Појасот Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година.