Денес претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Италијанската Република во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери .
Претседателот му честиташе на амбасадорот Палминтери новата амбасадорска функција и му посака успешен мандат. Нагласувајќи дека двете држави мината година одбележаа 30 години на воспоставување на дипломатски односи, кои се карактеризираат како традиционално добри и пријателски односи,со активен политички дијалог и динамична соработка, претседателот Гаши подвлече дека истите постојано се унапредуваат и продлабочуваат и на билатерален и на мултилатерален план.
Претседателот Гаши се осврна и на двете резолуции со кои Италијанскиот Парламент “ја обврзува Италијанската Влада да ги реафирмира и поддржи иницијативите за интеграција на Западниот Балкан во евроатлантските институции, на сите нивоа” кои се усвоја во Домот на пратеници на Италијанската Република во 2021 година.
Амбасадорот Палминтери го информираше претседтаелот Гаши за актуелните случувања во Италјанската Република. Амбасадорот Палминтери подвлече дека фокусот на неговиот мандат ќе бидат продлабочување на билатералната соработка на сите нивоа, пренесување на поддршка од Италијанската Република за евроинтеграциите на нашата држава и економската соработка.
Соговорниците искажаа подготвеност за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете држави на сите нивоа, со особен акцент на парламентарната дипломатија.