Невремето кое зафати делови од Италија предизвика две несреќи, а според информациите кои ги пренесоа италијанските медиуми засега нема повредени.

Во Рим се урна кран на градилиште, но нема повредени.

Дел од кранот паднал на балконот на петтиот кат од шесткатницата, поради што три семејства биле евакуирани од зградата.

Во Џенова поради обилни дождови и свлечиште се урнал потпорен ѕид кој бил до дворот на приватна куќа.

Овој инцидент предизвикал оштетување на цевката за гас, а итната помош веднаш интервенирала.

Пожарникарите се на терен и проверуваат дали некој е затрупан под урнатиот ѕид, додека пет лица се евакуирани.

Невремето ги погоди и провинциите Лигурија и Тоскана, а во Фиренца делови од градот беа поплавени.

Според соопштението на локалната полиција, најпогодени биле окрузите Олтрарно и Галуко.