Утрово најстудено било во Берово каде што биле измерени -4 степени, -3 било во Битола, Прилеп, -2 во Струмица, Тетово и Штип, -1 во Крива Паланка, 0 во Скопје-Петровец, Охрид и Претор, 1 во Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Велес, 2 во Виница и Попова Шапка 3 во Гевгелија, 4 во Маврови Анови, 5 во Крушево.
Висината на снежната покривка во седум часот утрово била 36 сантиметри Попова Шапка, 26 сантиметри Маврови Анови и 5 сантиметри Битола.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени, во Пелагонија до некој степен над нулата.
Во Скопје променливо облачно, магливо и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
Текстот Утрово најстудено во Берово е превземен од МАКФАКС.