Манекенката Кристина Димитриевска, поранешната сопруга на поп-пејачот Даниел Кајмакоски повторно ги воодушеви своите обожаватели со нова фотографија на својот инстаграм – профил.

Македонската мисица го привлекува вниманието на јавноста каде и да се појави, па дури и со секоја нејзина објава на социјалните мрежи.

За својата активност и посветеност на кариерата зборат сите нејзини извстувања, делењето совети за убавина, постојаната комуникацијата со своите следбеници, знае да одвои време и да одговори на сите нивни прашања, следејќи го трендот на светските инфлуенсери.

Instagram
Instagram

Димитриевска овојпат се пофали со својот нов изглед и новиот избор на боја на коса, охрабрувајќи ги своите обожаватели да прават промени во својот живот.

Доколку правите промена… Тогаш промената нека биде на подобро!!!  Мојата коса ја доверувам на кралот во нашата земја, а и пошироко – Марјан Петров“, напиша Кристина во описот на фотографиите.

Instagram
Instagram