Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател.

Џеф Безос се трансформираше од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент да почне да рапува. Дали се работи за криза во средните години или е само нов тренд кај богатите.

Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг низ годините…

Џеф Безос

Основачот на Амазон, Џеф Безос, ја започна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн книжарница од гаража во 1994 година. Амазон денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.

Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година, фокусирајќи се на вселенскиот сектор со Blue Origin. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.

По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултираше со еден од најскапите разводи во историјата. Набрзо започна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.

Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформираше во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања, далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.

Марк Цукерберг

Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук (сега Мета), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, а денес Мета води проекти кои се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун.

Цукерберг е во брак со Присила Чан 11 години, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од Маск и Безос, често се претставува како избалансиран и фокусиран на семејството.

Двојката е ко-основач на Фондацијата Чан Цукерберг, која финансира проекти во здравството и образованието.

Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.

Илон Маск

Илон Маск стои зад Tesla и SpaceX. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) и е близок соработник на Доналд Трамп.

Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца со три различни жени, меѓу кои пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на Twitter/X за јавно да разговара за се, од политика до лични расправии, со што неговиот приватен живот е неразделен од неговиот деловен бренд.

Текстот (Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер е превземен од МАКФАКС.